Нов плоштад ќе се гради позади „Капитол мол“ во скопската општина Аеродром, објави градоначалникот Тимчо Муцунски.

Наскоро почнуваат градежните активности за целосна реконструкција и модернизација на просторот зад „Капитол мол“, со што аеродромци ќе добијат уште еден нов плоштад во срцето на Аеродром. Реконструкцијата е целосно финансирана со средства од буџетот на Општина Аеродром, a проектот опфаќа хортикултурно и партерно уредување на целиот простор со вкупна површина од 5000 квадратни метри. Дополнително, во рамките на реконструкцијата старите и дотраени плочки ќе бидат заменети со нови гранитни плочи, а ќе бидат поставени нови современи канделабри, светла со димери, како и нови клупи, канти и друга урбана опрема, вели Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.