Министерството за внатрешни работи информира дека на 26 и 27.10.2022 година (среда и четврток), во официјална посета на Македонија ќе пристигне претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.