Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12, 13 и 14.10.2022 (среда, четврток и петок) во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

Причина за тоа е официјална посета на Република Македонија на претседателката на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската конфедерација, Н.Е Ирене Келин, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информира МВР.

МВР апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.