Поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, кој си замина од функцијата во периодот кога на чело на градот дојде Данела Арсовска, денес поднесе документи на огласот на Град Скопје за избор на директор на оваа институција. Споделувајќи ја кандидатурата на „Фејсбук“, тој рече дека на овој чекор се одлучил бидејќи смета дека сега зоолошката се наоѓа во лоша состојба за разлика од периодот кога тој беше директор.
Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве, но најповеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир, благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Данела Арсовска и Советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на ЗОО Скопје, вели Галетановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.