Поради уличен дефект Ф-100 мм на улицата „Атинска“ број 1 а во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, како и од „Њуделхиска“, „Римска“, „Бахар Моис“, „Панче Пешев“ и од „Наум Евро“, информираат денеска од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.