Нова училишна опрема во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром.
🪑Од страна на фирмата „Мериан Ас“, доставени се 90 клупи, 190 училишни столчиња, 15 училишни клупи за 1-во и 2-ро одделение, 30 училишни столчиња за 1-во и 2-ро одделение и 15 компјутерски маси.
🧑👧Со овој чекор финишира проектот за доградба на подрачното училиште.
Останува довршување на градежните работи поврзани со поставување топлинската енергија во училиштето кои треба наскоро да завршат.
👨🏫 Недостигот од капацитети за настава во овој образовен објект е долгогодишен проблем на ѓорчепетровци и проект кој силно се залагавме во изминатата година конечно да биде затворен. Бевме упорни и во Министерството за образование и наука за што поскоро пуштање во употреба на доградениот дел.
📌 Со доградбата ќе се добијат нови осум училници, нова кујна и нови тоалети со што целосно ќе се задоволи просторниот капацитет, согласно запишаните ученици во училиштето во Хром, објави на својот Фејсбук, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.