Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска имаше отворен ден со 50 граѓани на општината. Нивните барања во најголем дел се однесуваа на обезбедување на подобри урбанистички и инфраструктурни решенија.

На денешниот отворен ден со граѓаните разговарав за нивните потреби кои во најголема мера се однесуваат на подобри урбани и инфраструктурни проекти. Општина Центар веќе работи на подобри решенија и со истите ги запознав денеска граѓаните. Овие лични средби се одлична можност за спознавање на реалната слика и потребите на граѓаните. Ние како општина сме тука да одговориме на истите за да обезбедиме подобри услови за живот на сите жители на Центар, изјави Герасимовски.

На отворениот ден, покрај Герасимовски, присуствуваа и претставници од секторите во општината, кои исто така ги ислушаа граѓаните и прецизно одговорија на нивните барања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.