Виктор Панчевски, досегашниот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ е разрешен по половина година на оваа функција.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нов директор го именува Тони Миновски кој досега беше вработен во претпријатието.
Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.
Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.