Добиена тужбата за клевета против лагите дека се „профитирало“ од темата Прочистителната станица град Скопје. И сега квалифилациите „медари“, „криминалци“ и „профитери“ се пехарот на срамот кој останува за Арсовска, СДСМ и тие кои направија тема и ширеа лаги. Плукаа силно, сега паѓа на нивното лице, изјави Златко Перински, поранешен директор на ЈП Водовод и канализација, кој беше разрешен откако ѝ се спротистави на градоначалничката Арсовска во нејзиниот обид во влијание на постапката за избор на изведувач на Прочистителната станица, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес објави за добиена тужба против СДСМ дека тој, а не Арсовска влијаеле врз постапката.

Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември уште една добиена пресуда против СДСМ дека клевети и шири лажни вести против мене, напиша Христијан Мицкоски.

Овој пат, додава, за тендерската постапка за Пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер кој подоцна го потпиша градот, со грант обезбеден од оваа влада.

Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но и тоа нема да биде долго, зошто остана уште малку до смена на власта, кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата, посочи Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.