ЈП Градски паркинг со години било оставено како штаб на сателитот на СДСМ, Демократски сојуз на Павле Трајанов, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој на денешната прес-конференција презентираше податоци од „свиркачи“, коишто, како што кажа, точно потврдуваат дека власта е одлепена од реалноста, но и зошто Демократскиот Сојуз е верен партнер на СДСМ – ДУИ.

Демократскиот Сојуз со години на подарок од СДСМ – ДУИ го имаше ЈП Градски паркинг, јавно претпријатие коешто било претворено во своевиден штаб на Демократскиот Сојуз, каде што се вработувале и се користеле привилегии, но и се тргувало со влијание. Ова ЈП со пари од граѓаните ги вдомило речиси цело претседателство на Демократскиот сојуз, нивните роднини, деца, брачни партнери, па и внуци и други роднини, потенцираше Стоилковски.

За Владимир Кроневски, најчесто споменуваното име при аферата „бесплатен паркинг за функционери од власта“, тој открива:

Кроневски е помошник директор, а е член на претседателството на Демократскиот сојуз. Таму е вработена сопругата на Кроневски, Катерина, како самостоен референт. Кумот на Кроневски, Дејан Лазаревски, советник од СДСМ во Карпош, и е вработен како стручен соработник. Кумашинката на Владимир Кроневски, Наташа, е вработена исто така во Градски паркинг.

Не останал покус ниту Павле Трајанов претседател на Демократскиот сојуз:

Раководител на внатрешна контрола- роднина на Павле Трајанов- Даниел Ефтимов. Стручен Соработник за планирање, Ѓорѓи, братот на Даниел воедно роднина на Трајанов. Славчо Јованов, помлад референт, роднина на Павле Трајанов. Петар Василов, кумашин на Павле Трајанов. Филип Антовски, близок соработник на Павле Трајанов. И секако Славче Јовановски уште едно име од списокот за повластени неплаќачи на паркинг, односно луѓе кои што овозможувале функционери од власта да паркираат.

Како што додаде Стоилковски – листата на вработени високи функционери и роднини на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов е долга исто како што е долга и листата на неплаќачи, повластени за паркирање во Скопје.

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, годините верност на СДСМ, ги наплатува од Вас, од паркирање, од буџет, а ЈП Градски паркинг го претвориле во своевиден партиски штаб, со привилегии за телефони, службени возила, трговија со влијание. Почитувани, ова е веројатно најголемата причина што Павле Трајанов и Демократскиот сојуз се уште се нем привезок на СДСМ и ДУИ, вели Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.