Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска објави дека средствата од договорот склучен со три угостителски субјекти од страна на претходното  раководство, во вредност од околу 32 илјади евра ќе бидат пренаменети за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории преку Ретвитни Оброк и Црвениот крст на Скопје.

Ова ќе биде практика на градот секоја година. Наместо угостителски услуги како непродуктивен трошок, ќе се користат овие средства за социјално ранливите категории, особено кога наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални проблеми во време на економска и енергетска криза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.