Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес во просториите на општина Гази Баба оддржа средба со Јован Врклевски и Ева Јовановска млади каратисти од општина Гази Баба, учесници на балканското првенство во карате.
Јован Врклевски освои златен медал и е балкански првак во карате категорија борби до 45 килограми, а Ева Јовановска освои трето место и бронзен медал во карате категорија женски борби до 40 килограми.
Градоначалникот Бобан Стефковски донесе Решение со кое за афирмација на општина Гази Баба и постигнување на меѓународен спортски успех на Јован и Ева ќе им се додели еднократна парична награда од буџетот на општина Гази Баба, информираат од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.