Општина Аеродром наскоро ќе објави јавен повик за субвенционирање велосипеди и електрични тротинети, за што од буџетот се издвоени 1.680.000 денари.

Советот на Општина Аеродром на последната седница ја донесе одлуката со која аеродромци ќе имаат можност да добијат по 3.000 денари за набавка на велосипеди и по 5.000 денари за електрични тротинети.

Во официјалниот повик ќе бидат објавени сите потребни информации за аплицирање, а важно е да нагласиме дека за важечки ќе се сметаат сите приложени сметки од оваа календарска година, независно дали велосипедот или електричниот тротинет се купени пред или по носењето на одлуката за доделување на средствата.

Со оваа мерка, покрај тоа што финансиски се помагаат граѓаните, истовремено го поттикнуваме користењето на алтернативни и еколошки средства за превоз, со што дополнително се дава придонес во борбата за заштита и зачувување на здравата животна средина, објави Општина Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.