Отворени вратите за 150 дечиња во новата градинка „Сонце“ во Волково!
Чест ми е што во мојот мандат, заедно со мојот тим и со финансиско учество на општината од 9 милиони денари го завршивме овој грандиозен објект. Дечињата во овој објект ќе бидат згрижени почнувајќи од понеделник во возрасни групи од 9 месеци до 6 години, поделени во 7 групи, порача денеска градончалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
Тој рече дек веќе аплицирале со проект за нова детска градинка во Дексион, а изработен е и проект за нов објект во Стопански Двор.
Исто така, одлична вест е што работиме и на уште две локации за градинки во урбаниот дел на Ѓорче Петров. Продолжуваме со работа со засилено темпо. Ѓорче Петров ќе биде урбано јадро со решени проблеми. Граѓаните заслужуваат добри услови и тие остануваат наш приоритет, порача Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.