Општина Кисела Вода во партнерство со Македокс организира „Кино на отворено“ кое ќе се одвива во периодот од 09 до 14-ти август.
„Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во паркот Македонија, пред Домот на Култура „Билјана Беличанец”. Секоја вечер од 21 часот, публиката од Кисела Вода, но и сите останати љубители на филмската уметност, ќе може да ги погледнат документарните филмови (програма МакеДокс) Cinema Komunisto во режија на Мира Турајлиќ, Grand mothers of Revolution, Mother Europe во режија на Петра Селискар, краткометражниот филм „Другарот“ во режија на Димитар Оровчанец, „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, како и неколку други изненадувања“, информираат надлежните од општината.
Општина Кисела Вода наскоро ќе објави повеќе детали околу програмата и термините за филмските проекции на „Кино на отворено”, кое започнува во вторник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.