„Данела немој да мислиш дека си нашла „планина без волк“ и можеш да правиш што сакаш“, напиша заменик директорот на УЈП, Абдул Селам Селами, кадар на ДУИ, на својот фејсбук профил како реакција за одлуката за прекин на договорите за ангажирање на 33 лица во градското претпријатие ЈП „Комунална хигиена“.

Кратко по објавата Селами го избриша фејсбук-постот.

„Даноци на имот, плаќања за вода, за општинска хигиена, за паркови и зеленило – тоа се плаќања од истите граѓани, кои ТИ со ова твое владеење ги запоставуваш и ги третираш како граѓани од втор ред. Немате предвидено ниеден кадар – Албанец во дирекцијата, каде што раководи градот Скопје, па од неодамна почна и да отпушташ работници – Албанци од работа! Саламандии можеш да кажуваш во приватниот сектор, или во твојата компанија, од каде што доаѓаш, но НЕ и со народните пари на граѓаните на Скопје“, вели Селами на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.