Општина Кисела Вода соопшти дека продолжува со инвестицискиот процес за унапредување на условите за децата во градинките. Потенцираат дека за неколку месеци вложиле 7.245.000 денари во објектите на ЈДГ „8 Март”.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, придружуван од директорката на ЈДГ „8 Март“, го посетиле објектот „Пеперутка 2“ во Драчево, каде се извршија градежни зафати за преадаптација на кујната и пералната, промена на електричната инсталација, подобрена е и енергетската моќност на објектот.
Од општината посочуваат дека во моментов се врши набавка на современа кујнска опрема. Во клоновите „Расадник“ и „Пржино“ извршена е промена на врати и прозорци.
Го продоложуваме континуитетот на унапредување на условите за децата од предучилишна возраст, со инвестирање во градинките каде најмладите го поминуваат поголемиот дел од секојдневието. Со задоволство сакам да истакнам дека во изминатиот период вложивме 7.245.000,00 денари во објектите на ЈДГ „8 Март“, каде согласно потребите, се интервенираше со повеќе различни градежни зафати. Денес сме во објектот „Пеперутка 2“ во Драчево, каде се одвиваа голем дел дел од активностите, како, на пример, промена на електричната инсталација и целосно подобрување на енергетската моќност на објектот, извршивме преадаптација на пералната и кујната која сега ја опремуваме и со современа кујнска опрема. Со цел подобрување на енергетска ефикасност, во објектите „Расадник“ и „Пржино“ ги заменивме вратите и прозорците, а претходно вакви и слични зафати изведовме и во објектите на другата јавна детска градинка „Весели Цветови“, исракна Ѓорѓиевски.
Од општинската прес-служба информираат дека анализите за потребата од дополнителни инфраструктурни зафати, во сите останати градинки на територија на општина Кисела Вода се дел од еден континуитет кој ќе продолжи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.