Општина Карпош информира дека и годинава во основните училишта во Општина Карпош ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение.

Нашата посветеност и грижа за најмладите карпошани e искрена и континуирана и секогаш во интерес на децата. Тоа до сега многу пати сме го докажале преку различни проекти за доделување на стипендии за талентирани ученици и спортисти, бесплатни ужинки, постојани реконструкции на училишните објекти“, велат од Општината.

Од општина Карпош соопштуваат дека се непријатно изненадени од како што велат „неодговорниот однос на одредени советници“.

Згрозени сме од нивниот обид преку ширење лаги и шпекулации за наводно укинување на дневниот престој на четвртоодделенците што е апсолутна невистина, да заработат одредени политички поени на сметка на нашите најмлади сограѓани“, се додава во соопштението на општина Карпош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.