Општина Илинден за прв пат воведува доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче, кои се со живеалиште на подрачјето на Општината.
Од Буџетот на Општина Илинден ќе бидат издвоени по 5000 денари за секое семејство со новороденче кое е родено од 01.01.2022 година. Целта на овој проект е стимулирање на наталитетот и подршка на младите родители, a со оваа мерка ќе се влијае и на зголемување на природниот прираст на населението.
Потребните документи за аплицирање ќе бидат наведени во Барањето за доделување на еднократна парична помош за семејства со новороденче, кое ќе биде прикачено на официјалната веб-страна на Општината (www.ilinden.gov.mk) и ќе може да се подигне од Архивата на Општина Илинден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.