ЈСП Скопје информира дека од утре, вторник (1.02.2022 год) јавниот превоз ќе сообраќа по делничен зимски возен ред, а повторно активни (важечки) ќе бидат средношколските билети за бесплатно користење на превозот.

Во изминатиов период, за време на продолжениот зимски училишен распуст, автобусите сообраќаа по редуциран возен ред, вообичаена пракса за време на распустот на учениците.

Возниот ред на автобусите на сите линии е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.