Општина Аеродром утринава засади симболично 22 дрвја и вети дека ќе ги заврши сите ветени проекти за оваа година.
На првиот ден од првата работна недела во 2022 година би сакале да испратиме порака до аеродромци дека Општина Аеродром ќе им биде на располагање 365 дена во годината, велат од Општината.
Утрово градоначалникот Тимчо Муцунски придружуван од претседателот на Советот, Дејан Митески и вработените во Општина Аеродром го почнаа со работа на терен.
Заедно со сезонските работници беа посетени неколку локации во Горно Лисиче и населбата Лисиче од каде градоначалникот Муцунски ја испрати пораката дека останува посветен на заложбата за чист и зелен Аеродром. Нашата општина ќе се чисти секој ден од годината. Го опфаќаме секое место, секоја улица, го решаваме проблемот со дивите депонии и редовно ќе ги одржуваме сите јавни површини, со цел враќање на сјајот на општината.
22 е бројот на дрвја кои беа засадени кај „Ентернет“ во близина на трговскиот центар „Бисер“. Со оваа симболична бројка на стартот на 2022 година, Општината ја испраќа пораката дека останува посветена на создавање нови зелени површини и заштита и грижа на животната средина.
Во новата година ќе бидат завршени сите проекти отпочнати во изминатиот период, а ќе се вложува во сите области и ќе се почнат нови капитални проекти.
Општина Аеродром продолжува и во 2022 година секој ден да се грижи за секој жител подеднакво, да создава подобро утре и подобра иднина!, објави Муцунски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.