Советот на Општина Аеродром на вонредна седница која се одржа синоќа донесе одлука за донирање парични средства за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија. Освен парична помош општината Аеродром ги става на располагање сите свои расположливи капацитети, а во насока на побрзо надминување на состојбата во која се наоѓаат погодените градови од земјотресот.

Денешната седница беше свикана на иницијатива на градоначалникот Муцунски. Хуманоста во вакви моменти е важна. Турција е наша пријателска земја и токму поради ова од буџетот на општина Аеродром одвоивме парични средства со кои пружаме рака за помош и помагаме на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, истакна претседателот Митески по завршување на седницата.

Општина Аеродром уште еднаш упатува искрено сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот, а на повредените им посакува побрзо закрепнување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.