Од денеска, први март во градинките во Аеродром се укинуваат давачките кои родителите до сега ги издвојуваа за своите деца во градинките, додека во текот на годината целосно ќе бидат скратени сите дополнителни трошоци, најави Општината Аеродром.

Со оваа одлука на Општината, родителите ќе бидат ослободени од трошоците кои ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, а во истиот се вклучени разни санитарни и хигиенски средства, велат од Општината.

Тоа значи дека родителите веќе нема да одделуваат дополнителни средства од домашниот буџет за влажни марамчиња, тоалетна хартија, сапун. Од први септември целосноо ќе бидат укинати трошоците за за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките.

Општината постојано презема политики кои се насочени кон постепено намалување на сите дополнителни трошоци кои претставуваат товар за секое семејство. Од 1 септември оваа година, ќе бидат целосно укинати и сите трошоци кои се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките, додаваат од Општина Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.