Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Косовски се пофали со новите паркиралишта во Радишани на прв влез. Паркинг местата се обезбедени на барање на жителите на прв влез во населба Радишани за да се надмине проблемот со паркирањето.

Изградена е и нова пешачка патека со павер елементи која ќе ги поврзува првиот и вториот влез и со која се обезбедува полесен пристап до детската градинка. Наскоро и на улица „Алпи “ќе се започне со изградба на нов паркинг и нови паркинг места. Паралелно се разгледуваат и скенираат сите постоечки паркинг места и согласно можностите истите ќе се реконструираат и прошируваат, напиша Костовски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.