Нови булевари, училишта, градинки, пречистителни станици и паркови во првите 100 дена од страна на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Ново училиште во Илинден, канализациона мрежа во Гази Баба и Кисела Вода, исчистена голема депонија во Ново Село, пречистителна станица во Ракотници, Сопиште, поставување на фотоволтаици на основните училишта и дел од градинките на територија на општина Аеродром, реконструирано игралиште во Бутел, исчистени диви депонии, се само дел од проектите во Скопје и скопско за првите 100 дена. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ низ цела Република Македонија, асфалтираат нови улици, поставуваат нови канализациони и водоводни системи. Охрид ќе добие нов булевар, а во Битола се реконструира стадионот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ промените се видливи. Промените и проектите ќе продолжат уште посилно во иднина, додаваат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.