СВР Скопје за денеска најави мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје поради делегацијата од Република Албанија, која ќе пристигне во земјава за одржување заедничка меѓувладина седница.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај.

Ве информираме дека денеска, 14.11.2022 година (понеделник) ќе се одржи меѓувладината седница помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија.

Линк за следење во живо на официјалниот пречек од 9:45 часот. По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Македонија и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија.

Потоа, во 10:15 часот, во свечената сала во Владата на Република Македонија започнува меѓувладината седница каде официјални обраќања ќе имаат премиерите на двете земји. Потоа, следи отворена дискусија помеѓу министрите од двете влади.

Во 13:20 часот на меѓувладината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на Договори и Меморандуми од страна на министрите на двете Влади со цел продлабочување на соработката помеѓу двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.