Во текот на изминатите неколку дена е извршена кражба на 10 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 5 на ул. Финска, информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, упатува апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатите неколку дена.

Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, велат од претпријатието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.