Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, беше во работна посета на ПСОВ – Волково.

ПСОВ – Волково е наменета за пречистување на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачје на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково, со што директно делува на заштита на животната средина.

Станицата е предвидена за 19 500 еквивалент жители. Најголем придонес од проектот ПСОВ – Волково е заштитата на подземните води и на водите што се користат како резервен водоснабдителен систем за градот Скопје (бунарското подрачје Нерези-Лепенец). За пречистување на отпадната вода се применува современа SBR технологија. Ефлуентот од ПСОВ Волково се пречистува според барањата на Директивата на ЕУ за урбана отпадна вода (91/271/EEC, 98/15/EC) за чувствителни подрачја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.