Иако денеска температурата е пониска од претходните денови, a од утре се очекува и над 10 степени заладување, БЕГ засега нема да пушта парно.

Ги информираме потрошувачите дека, за ден 16.04.2022 година, не се исполнети условите за производство и испорака на топлинска енергија до потрошувачите, известија БЕГ.

Оваа информција е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а врз основа на прогнозата за средна дневна температура од 15 ˚С за Скопје за 16.04.2022 година од Управата за Хидрометеролошки работи.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100 а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи, велат оттаму.

Грејната сезона официјално заврши вчера.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.