Тука во Бутел проектите еден по еден се реализираат од тоа што беше ветувано. Минатата недела едно игралиште веќе е во функција пуштено веќе се користи и тоа посебно ме радува бидејќи континуирано бутелчани го користат тоа прво игралиште, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој беше присутен на отворање на ново игралиште.

Еве и второто игралиште денеска тука почнува со користење. Овие две игралишта се направени со онолкав буџет колку што минатиот градоначалник успеал да направи едно игралиште. Значи ние, а и Дарко и неговиот тим не магионичар, туку само работи чесно, посветено и со средствата кои што во минатото биле трошени за еден проект, тој успева да сработи два проекта заедно со неговиот тим и тоа е за честитање и за пофалба. Ќе ве потсетам дека минатата недела најавивме почеток на изградбата на детската градинка во Бутел за месец и половина од денеска, во тек е изградбата на Основното училиште во Визбегово, завршен е тендерот кој што Градот Скопје ќе го инвестира овде а тоа е Бутелска, и така натаму продолжуваат проектите да се работат насекаде Скопје и видливо е тоа по мерењето на јавното мислење кај граѓаните, тие се задоволни од градоначалниците во општините и ние мора да покажеме дека не се сите исти, дека народот не треба да се разочарува, не треба да губи верба затоа што подобрите времиња допрва доаѓаат – рече тој.

Мицкоски понатаму истакна:

Покажуваме што значи работа, што значи промени на локално ниво, тоа наскоро после предвремените парламентарни избори оваа политичка партија со овој тим на млади мотивирани и чесни луѓе ќе го направи на државно ниво насекаде низ Македонија. Многу проекти, многу посветеност, многу работа, мотивирани и храбри луѓе се прифаќаат во костец со проблемите да ги решаваат а јас мислам дека овој тим на ВМРО-ДПМНЕ е токму таков. Млади градоначалници, енергични, спој со искуството и мислам дека тука ќе имаме успех се разбира кој што ќе дојде без дилема.

Така што уште еднаш мојата порака до граѓаните е допрва доаѓаат убавите денови, немојте да губите надеж, оваа криминална влада е на одење, наскоро од денеска ќе има предвремени парламентарни избори, ни треба општествено обединување околу ВМРО-ДПМНЕ ЗА промени, работа и проекти – вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.