Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, неодамна и јавно обзнани дека ќе формира политичка партија а „Нетпрес“ дојде до информација дека всушност Арсовска ја презема партијата на Ѓорѓи Оровчанец – Нова Алтернатива, бидејќи нашите извори тврдат дека таа не може да собере потписи за регистрација на нова партија.

Тоа, наводно го направила со инсталирање на свој човек, како нов претседател на партијата, а ќе делува од сенка, додека формира терен за официјализирање на својата партија. Исто така, нашите извори не ја исклучуваат ниту можноста Нова Алтернатива да и’ е отстапена на Данела Арсовска за одредена финансиска надокнада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.