Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски излезе на терен по невремето кое го зафати Скопје, а од кое, се чини настрада најмногу општината со која раководи тој.

По силното невреме кое го зафати главниот град заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и останатите советници и службите на Општината излеговме на терен. Во активна комуникација со градските претпријатија работиме на отстранување на проблемите кои настанаа по дождот кој беше проследен со силен ветер.
Во моментов ги детектираме најпогодените точки во Општината и секаде каде што е забележана штета предизвикана од невремето. Повикуваме аеродромци да останат смирени бидејќи штетите ќе бидат посочени до надлежните градски претпријатија и ќе бидат санирани во најкраток рок.
Општината Аеродром продолжува да биде вистински сервис на жителите и во соработка со градските претпријатија интензивно работи на решавање на проблемите на граѓаните и санирање на штетите – објави Муцунски на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.