Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром моментов се изведуваат работи со инвестиција на над 100.000 евра во средување на дворот во основното училиште и спортската и рекреативна инфраструктура која што е опфатена со истото, изјави денеска градоначалникот на општината Тимчо Муцунски.

Денеска заедно со претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митески сме тука пред основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ каде што во моментов се изведуваат работи со инвестиција на над 100.000 евра во средување на дворот во основното училиште и спортската и рекреативна инфраструктура која што е опфатена со истото, изјави Муцунски.

Муцунски додаде дека исто така се работи и во основните училишта во општината „Блаже Конески“ и „Гоце Делчев“.

Во истиот момент се има градежни работи во основното училиште „Блаже Конески“, таму има целосна промена на фасадата. При крај се работите поврзани со проект за проширување и реконструкција на истото училиште на „Блаже Конески“. И наскоро таму ќе почнеме со работа. Инвестициите во образовната инфраструктура исто така продолжуваат и кај основното училиште „Гоце Делчев“ каде што ќе има проширување на капацитетите и реконструкција на училиштето, додаде Муцунски.

Во делот на инфраструктурата отпочнати се радежни работи на повеќе километри на улици во општината.

Во делот на инфраструктурата сакаме да најавиме дека се отпочнати градежни работи во населба Лисиче, во општина Аеродром на повеќе километри улици кои што треба да се изградат. Така да работиме на сериозни инфраструктурни подобрувања, истакна Муцунски.

Тој меѓудругото најави дека од месец септември ќе започне со работа и нова градинка, а во летниот период се очекува да започнат градежните работи на уште две детски градинки.

Во месец септември очекуваме да отпочне со работа нова градинка. После летниот период да отпочнеме со градежни работи на најмалку две нови градинки. Што значи дека приоритетот ни е пред се образовната инфраструктура, уличната инфраструктура, инфраструктурата поврзана со рекреацијата. Наскоро почнуваме со работа и на три нови детски игралишта, Стар Аеродром, Реонски центар, Ново Лисиче. Така да работиме сериозно, посветено, многу инвестиции во општина Аеродром кои што некои се тековни, некои наскоро почнуваме со работи кога ќе бидат создадени услови согласно соодветните процедури, посочи Муцунски.

Муцунски на крај ги повика скопјани на вечерашниот натпревар на МЗТ – Скопје од полуфиналето во АБА 2 лигата.

На крај, би сакал да кажам дека се радувавме на победата на МЗТ – Скопје во првиот наптпревар од АБА 2 турнирот, вечерва во 21 часот е полуфинале. Така да не само аеродромци, туку сите скопјани ги очекуваме на натпреварот, да навиваме за МЗТ – Скопје, бидејќи очекуваме да го добие своето заслужено место и повторно да се врати во АБА 1 лигата, рече Муцунски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.