Кандидатот за претседател Стево Пендаровски изразува жалење за денешниот пожар што ја зафати Универзална сала во Скопје и повикува на брза реакција на надлежните институции, стои во соопштението на тимот за комуникации на Пендаровски.
Мора да се спроведе соодветна истрага, да се лоцираат и да се санкционираат сите кои се одговорни за уништувањето на овој значен објект.
Кандидатот Пендаровски во следниот мандат ќе се заложи во најкус можен рок да биде обновен еден од симболите на Скопје, објект врежан во колективната меморија на десетици генерации скопјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.