Кога ја баравме вашата доверба ви ветив дека нема да бегаме од проблемите. Една година потоа ви велам дека заеднички ги решаваме проблемите. И покрај сите кочници и брани кои ги поставува владата ние одиме напред и заеднички создаваме иднина. Изминатата година во општина Кисела Вода се инвестираа повеќе од 200 милиони евра, напиша лидерот Христијан Мицкоски.

Оваа година следува офанзива во реализација на капиталните проекти во висина од 150 милиони денари. И конечно ќе започне да се гради нов мост на улицата Киро Фетак во населба Драчево. Ќе се изградат многу други проекти, ќе се решат многу други проблеми. Има разлика. Ние на секоја опструкција одговараме со многу работа и секогаш заедно со народот, без поделби, без омраза, со многу посветеност и желба за заедничка иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.