Од Зелен хуман град реагираат дека денеска без дозвола, спротивно на решението на градежниот инспектор, биле масакрирани децениски стари дрвја на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Аеродром.

Како што велат од здружението, за оваа локација поплаки од граѓаните добиле пред 2 недели, зошто оваа локација се заградила од страна на инвеститор „Елена Лука“, за градење нова зграда.

Град Скопје потрдил дека нема издадено дозвола за интервенција врз децениското зеленило на парцелата и истото не смее да се сече / пресадува / кастри во ниеден случај. Испектор од градот беше на терен и ја констатираа состојбата, велат од ЗХГ.

Ова утро, инвеститорот започнал со масакр на дрвјата и другото зеленило на парцелата, иако нема дозвола за истото од Градот. Децениски стари дрвја што имаат непроценлива вредност за животната средина, уништени за нова зграда да никне на нивно место. Зелен хуман град повторно реагираше кај надлежниот инспекторат што сега е на терен, и известени сме дека „Елена Лука“ ќе бидат казнети според Закон за урбано зеленило. За жал, законот предвидува максимална казна од 1.800 ЕУР, без разлика на бројот на исечени дрвја, што е смешна сума за секој инвеститор и воопшто не ги обесхрабрува да го прекршат истиот тој закон.
Само со притисок од локалното население може да се спасат останатите дрвја на парцелата што уште не се уништени од инвеститорот! Аеродромци, не дозволувајте профитот на една фирма да ви го одземе правото на чист воздух, термална заштита и здрава животна средина, велат од Зелен хуман град.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.