Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите” ги посети населените места Чифлик, Долно Коњари и Средно Коњари во општина Петровец, од каде истакна дека поддршката за градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ во овие населени места е огромна , но е голема разочараноста од централната власт.
„Не е големо изненадување колкава голема е поддршката на градоначалникот Борче овдека во оваа населено место и со каква позитивна енергија зборуваат, но тоа никогаш не било ни прашање колку тие го поддржуваат градоначалникот Борче, но прашање е секогаш колку малку централната власт дава поддршка во општина Петровец во последниве две години”, истакна Љутков.

Тој додаде дека разочараноста на граѓаните од овие населени места доаѓа поради однесувањето на централната власт и одбивањето на сите амандмани во Собранието за поддршка на оваа општина.
„Критиките постојано се за она што се случува за централно ниво, критиките се зошто пратениците во Собранието кога поднесуваат амандмани за поддршка на општина Петровец, тие амандмани секогаш се одбивани”, потенцираше Љутков и додаде дека поради ваквата состојба граѓаните со нетрпение ги чекаат изборите за својата поддршка да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните во општина Петровец ја даваат огромната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, ги чекаат изборите да дојдат и сакаат да го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи знаат дека и во минатото, сите проекти, сѐ што е направено во ова населено место Чифлиг е направено со помош на ВМРО-ДПМНЕ”, подвлече Љутков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.