Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна реупотреба, известуваат од Министерството за правда.

Како што посочуваат од Министертсвото, Лога ја поддржува иницијативата на Општина Центар за изнаоѓање законско решение со кое биде се конфискувале на дивоградбите и би се овозможиле пренамена на овие објекти.

Целта на иницијативата е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата, соопштуваат од Министерството.

Оттаму посочуваат дека за реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија: Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.