Се зголемува револтот кај приватните превозници, покрај Макекспрес кои неколку дена не возат на скопските линии и возачите од Слобода превоз си ги бараат заостанатите долгови од град Скопје и ЈСП.
Првиот човек на Слобода превоз, Ленин Јовановски, за ТВ 24 вели дека возачите три месеци не зеле плата, а градот им должи 39 милиони денари.
Од „Макекспрeс“ ги отфрлаат обвинувањата на Градот Скопје дека тие возат неисправни автобуси и не го почитуваат возниот ред. Нема да возат додека не добијат пари.
Од ЈСП велат дека наталожените долгови се од претходното раководство. Новиот директор уверува дека навреме биле исплатени активните трошоци од кога тој е на функцијата. Од град Скопје пак ќе ги испитуваат долговите.
Се сомневаат дека голем дел од автобусите не биле технички исправни, имало саботажа на системот за движење, непочитување на возниот ред и неисправни фискални уреди. Уверуваат дека граѓаните ќе добиваат редовна услуга, бидејќи линиите кои не возат ги сервисираат автобусите на ЈСП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.