Во општина Гази Баба се случува непотребно ново задолжување од 5 милиони евра поддржано со мнозинството во Советот на општината меѓу кои и еден советник од СДСМ, и затоа бараме итно стопирање на оваа одлука и враќање на повторно разгледување со јавноста, реагираат од општинската организација на Либерално демократската партија од Гази Баба.
Според општинската организација оваа одлука е неприфатлива бидејќи била предложена и усвоена само во форма на идеи, без образложение или документација колку чинат проектите, под кои услови, за кој временски период ќе бидат реализирани и без јавна дебата со граѓанскиот сектор.
Категорнично сме против оваа одлука на задолжување од 5 милиони евра и бараме истата да биде стопирана. Потребно е домаќинско работење а не расипничко однесување. Теснопартиските и бизнис интереси не смеат да одат на сметка на буџетот на општината во интерес на граѓаните. ЛДП преку своите општински организации и членови континуирано е поборник за општествено добро на сите граѓани во нашата држава, велат од општинската организација на ЛДП од Гази Баба.
Локалната власт е сервис на граѓаните и секој општинска власт има одговорност пред своите граѓани за сите постапки и одлуки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.