Арсовска, коалициониот партнер на СДС е виновна за хаосот во Скопје, Ковачевски да побара нејзина оставка, бараат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Данела Арсовска, која заради коалиција со СДС го постави Александар Стојковски за директор на ЈСП, заедно со Стојковски е креатор на проблемот со сообраќајниот хаос.

Стојковски го потпиша договорот од 27 милиони евра за набавка на гориво, без рабат, со што претпријатието е оштетено за над 1.5 милиони евра. Тоа се исто толку пари колку што ЈСП им должи на приватните превозници.

Претходно Арсовска остави стотина луѓе без работа. А додека таа управува со самоволие градот неможе да ги извршува ниту основните функции.

Клинички центар му должи 2 милиони евра на ЈП Водовод и канализација, а Арсовска молчи заради коалицијата со Ковачевски.

Скопје е жртва на коалициските договори Ковачевски-Арсовска, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.