Во скопската општина Бутел се реализираат предизборните ветувања, се гради нова градинка и се асфалтираат над 20 улици, рече денеска градоначалникот Дарко Костовски, кому во посета му беше претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Оваа градинка се гради врз основа на програмата на ТАВ, е во вкупна вредност од 35 милиони денари. Таа ќе биде со капацитет каде што ќе може да собере 120 дечиња, површина за градба е некаде околу 950 метри квадратни во првата фаза која што се гради во моментов и втората фаза која што предвидува мини спортска сала за дечињата од градинката и ќе биде некаде во износна површина од 200 метри квадратни.
Во оваа прилика би сакал да истакнам голема благодарност особено до тимот на урбанизмот во општина Бутел бидејќи наследивме еден проект со огромни технички недостатоци и со една вака динамична жестока работа навистина ги одглавивме сите, за ете денеска имаме сериозен старт со сериозна динамика за градба на оваа градинка.
Пред неколку дена го завршивме и работното лето на територија на општина Бутел, се сработи многу, се асфалтираа над 20 улици, скоро секое маало веќе добива нов парк, ново спортско игралиште, го менуваме ликот на општина Бутел и убеден сум дека ќе продолжиме со оваа динамика која што ја наметнавме во првата година од мандатот, рече Костовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.