Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, беше во Радишани во посета на семејството Давитковиќ, односно Влатко, Иван, Марина, Елена и Мирослав, кои живеат во голема сиромаштија и за кое организираше хуманитарна акција.
Влатко е екстремно чесно момче кое лавовски се бори за своите браќа и сестри, пример кој ќе го прераскажувам насекаде.
Денеска го одржав мојот даден збор, но она што е поважно е мојата срдечна благодарност кон сите хумани луѓе, фирми и МПЦ што ме исконтактираа и се вклучија во оваа акција за помош на семејството Давитковиќ.
Покрај солидната финансиска помош и големата количина храна која што ја доби ова семејство, за извесен период ќе започне и целосно реновирање на нивниот дом. Нова кујна, потребни апарати за домакинство, кревети, реновирање на тоалетот и тн.
Од денес јас и моите блиски пријатели и соработници имаме нови блиски пријатели за кои ќе бидеме секогаш тука. Влатко, Иван, Марина, Мирослав и Елена тука сме за се – порача Костовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.