Општина Бутел добива ново, ултра модерно игралиште за кошарка во населеното место Бутел 1, „Свети Климент Охридски“. Игралиштето се наоѓа во училиштето „Св. Климент Охридски“. Станува збор за едно ултра модерно игралиште во износ од четири милиони и 200 илјади денари.

Ова игралиште ќе може да го користат сите ученици на основното училиште, но секако и сите граѓани на територија на општина Бутел. За многу кусо, следната недела отвораме уште едно исто вакво игралиште во населеното место Радишани, поточно во Основното училиште „Ацо Шопов“ и вкупно овие две игралишта ќе чинат негдека околу шест и пол милиони денари, најави градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Тој рече дека исто едно вакво игралиште во минатото, во претходните четири години чинело околу шест и пол милиони денари.

Ние сега изградивме две игралишта за истата сума. Некаде за три недели од сега, отвораме трето слично игралиште, но во населеното место Расадник и само за неколку месеци, три ултра модерни игралишта на територија на општина Бутел. Таа по својата структура е една од најспортските општини, согласно успесите на територија на Македонија, но сега, искрено, јас и мојот тим се бориме да биде и по инфраструктура спортски една од нај успешните. Но, не само спортска, туку и на секаков начин инфраструктура.

За многу кусо, на десетина метри од оваа игралиште, од мене ќе почне изградба на новата градинка на територија на општина Бутел, која што ќе го носи името по училиштето Свети Климент Охридски, за нови 150 дечиња. Исто така, и тоа беше едно од нашите предизборни ветувања и многу други проекти во следи, кои што беа наши ветувања и надвор од нашите ветувања работиме и се трудиме да ја промениме сликата и Бутел да стане една модерна општина на територија на Градот Скопје, изјави Костовски.

Тој се заблагодари на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, кој што како општина им дава огромна поддршка со совети и ги мотивира дополнително да работиме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.