Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешното гостување во утринската емисија „Македонија наутро“ на Македонската радио-телевизија проговори за „Скопје – Европска престолнина на културата“, за што потсети на целосната поддршка на Владата и на Министерството за култура за оваа престижна титула, која бара и огромна работа и посветеност. Носители на апликацијата се Град Скопје и ЈУ Универзална сала, а, како што рече министерката за култура, ќе покажеме дека знаеме и можеме.

Европска престолнина на културата е навистина многу престижна титула, меѓутоа е титула која бара многу голема работа и посветеност, не само до 2028 туку и понатаму. 2028 ќе биде само почетната година во која ние ќе покажеме што знаеме и што можеме да направиме, а знам дека имаме многу што да покажеме и да се пофалиме, но сето она што ќе следува по 2028 г. ќе биде предмет на набљудување од страна на комисијата што ни ја додели таа титула, додаде Костадиновска-Стојчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.