Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска соопшти дека корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика во наредниот период ќе ги добијат сметките за плаќање.
Како што информира Ковачевски, ЕСМ очекува да биде прифатено субвенционирањето на тие сметки, а постапката е во тек.
Корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика, во делот на Гази Баба, ќе ги добијат сметките. Се уште немаше одлука од Влада за субвенционирање. Ние имаме испратено информација до Владата, таа веќе е во процедура и очекуваме да се прифати субвенционирањето на тие сметки, односно на тие граѓани. Во наредниот период граѓаните ќе ги добијат сметките за плаќање на парното. Ако ги испорачавме вака, сега, сметките ќе беа повеќекратно повисоки и ќе се создадеше непријатна ситуација. Очекуваме оваа или наредната недела да имаме сметки со цени кои ги признава и прифаќа Регулаторната комисија за енергетика, рече Ковачевски.
Субвенциите, потврди, не се исплатени.
Сега ќе бидат пресметани со новите цени сметките на граѓаните. Во делот на исплатата имаме отворено наменска сметка за топлинска енергија. На таа сметка во јануари или февруари имаме добиено околу 360 милиони денари и со Владаа ќе направиме порамнување. Дополнително сега имаме добиено уште 1,1 милијарда денари за топлинската енергија во Скопје, за проработување на трите нови ДОО-ели на АД ЕСМ за набавка на гасот за октомври и за следните набавки кои следуваат наредната недела, напомена Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.