На 14-та седница советниците од советничката група на Левица повторно побараа на дневен ред да се стави „Иницијативата за поставување на фотоволтаици“, со образложение дека оваа иницијатива требаше да се стави на дневен ред пред три месеци, кога започна на големо да се збори за енергетска криза.

Да се изгласаше тогаш, денес веќе ќе бевме спремни со проекти за нејзино имплементирање. Со оваа иницијатива Општина Кисела Вода ќе се здобие со значителни финансиски бенефити, а истите ќе може да ги проследува за изградба на фотоволтаици врз другите општински објекти сe до целосна покриеност. Вака потготвена енергетска општина ќе може да им одолее на предизвиците во овие тешки времиња, а исто така Општината ќе може да оствари и финансиска добивка, која ќе може да ја искористи за доброто на граѓаните на Кисела Вода, велат од партијата.

Советниците на советничката група од Левица им се заблагодаруваат на останатите советници, кои ја поддржаа оваа точка, да биде ставена на дневен ред и истата да биде изгласана со 14 гласа ЗА, 4 против и 3 воздржани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.