Зборувајќи за предлог ДУП-от во Карпош, кој предизвика реакции помеѓу граѓаните, градоначалникот Стевчо Јакимовски во „Студио 10“ рече дека овие планови биле изработени од минатите градоначалници и дека сегашната верзија е малку изменета. Како општина не можеле да прават видни измени бидејќи се работи за приватно земјиште.
Кај Кино Карпош ќе има една зграда 11-катница. Тоа е приватно земјиште, но мора на Совет да помине. Овој план е подговотвен од претходниот градоначалник. Има зкаонски ограничуања на кои ние не можеме да влијаеме. Не можеме да нацртаме трева или да ја избришеме парцелата, вели Јакимовски.
Со сегашниот план предвидени се и четири цркви, кои, какошто вели Јакимовски се исклучиво по барање на граѓаните. На прашањето дали доколку граѓаните се изјаснат дека сакаат џамија во овој предел, тој потенцираше дека со 98% застапеност е население кое се христијани.
Црквите се по барање на граѓаните. Предвидени се 4 цркви бидејќи 98% од населението во Карпош се христијани. Нашиот план е на 10-12 илајди жители да има една црква, изјави Јакимовски во Студио 10.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.