Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ асфалтирале дел од патеката на кејот на вардар кај мостот Обединети нации. Како што објави порталот СДК.мк, од „Улици и патишта“, на прашањето зошто на кејот е ставен асфалт наместо коцки или друг материјал соодветен за шеталиште покрај река, изјавиле дека „само на таков материјал можеле граѓаните да возат велосипеди и ролери“.

Град Скопје претходно објави дека „како дел од уредувањето на кејот извршени се повеќе санации, а санирана е пешачката патека на насипот на Вардар каде наместа имало оштетени бехатон плочи, саниран е дел од површината на пешачката патека на мостот ‘Обединети Нации‘, санирани се скалилата кај мостот ‘Обединети Нации‘, како и на оградата на мостот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.