Во изминатите денови извршени се над 20 вонредни инспекциски контроли на градилишта, Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на град Скопје, кај кои во две е утврдено надминување во дозволените емисии и изречена глоба по 12.000 евра кај секој од субјектите.

Како што информираат од градската администрација, контролирани се Топлана Север и топланата на Клинички центар, утврдено е дека работат на гас, но не се утврдени надминувања во мерењата на емисии.

Се продолжува со мерења од стационарни места оџаци кај правни субјекти кои се во градска надлежност.

 

На повеќе локации се поставуваат апарати за мерење на ПМ10 честици за мониторинг од 24 часа, со цел утврдување на изворите на загадување, се наведува во соопштението на Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.